31.03.2021 - НЕТРА ДОО одржа вебинар на следнава тема:
„Професионални критички комуникации:
Mission Critical, Public Safety и Business Critical

Професионалните критички комуникации им служат на безбедносните институции и на компаниите да ги остварат своите оперативни активности на мошне безбеден и ефикасен начин.

Професионалните критичките комуникациски системи се базираат на дедицирани технологии, дедицирани мрежи и дедициран спектрум. Постоечките дигитални технологии ТЕТРА, ДМР, П25 и сл, како и наследените аналогни технологии, денес, сеуште нашироко се во употреба.
 Сепак, технолошкиот развој ги менува постоечките критички комуникациски системи, на начин што тие се повеќе ќе се базираат на 4G/5G технологии и отворен стандард дефиниран од 3GPP.

На овој вебинар, предавачи од НЕТРА ДОО и Motorola Solutions
дискутираа на следниве теми:

 

1. Софтверски решенија за критични комуникации
Александар Шарковски/проект менаџер/НЕТРА ДОО  


2. По ТЕТРА. Имплементација на LTE и 5G во доменот на критичките комуникации 

Драган Мушкиња/оперативен менаџер/НЕТРА ДОО


3. Mission critical комуникациски решенија 

Мартин Фуерст/Директор на продажба Motorola Solutions и
Рок Стрлич/Акаунт менаџер/Motorola Solutions

Подолу се поставени линкови за превземање на презентациите

Презентација 1 : ENG / МКД

Презентација 2 : ENG / МКД

Презентација 3 : ENG

Video : 

NETRA

Copyright © 2019 Netra Ltd. | All Rights Reserved.

Почитувани,

Нетра како општествено одговорна компанија ги презема и спроведува сите превентивни мерки и препораки од институциите во државата, и испраќа апел до граѓаните да ги почитуваат соодветните насоки за заштита и превенција од COVID-19. За било какви информации контактирајте нé на +389 23092820 или на мејлот netra@netra.com.mk во било кое време.

Со почит, Нетра ДОО.