Станете сертифициран професионалец во динамичната област на телекомуникации!

Нетра нуди обука за инсталација на телекомуникациска опрема за млади професионалци кои сакаат да се стекнат со вештини и знаења потребни за инсталирање и одржување на безжична телекомуникациска опрема.

Побрзајте и пополнете апликација на следниот линк

Обуката за сертифициран техничар за инсталација на телекомуникациска опрема започнува од 20ти април и трае 10 недели, со попладневни термини на часови.

Програмата опфаќа обука со примена на најнова опрема, изведување процедури за инсталација и тестирање и отстранување на вообичаени проблеми.

Обуката ќе применува теоретски и практичен пристап како и теренски дел, комбинирајќи интерактивни активности за учење со најнова технологија.

Вредноста на обуката е 700 евра, но првата група учесници ќе ги чини само 2.100,00 денари, со можност за идно вработување во телекомуникацискиот сектор.

Обуката е подржана од Владата на Швајцарија преку проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк, имплементиран од страна на Хелветас.