Услугите како што се мобилната мрежа и дистрибуцијата на медиуми ќе продолжат да се развиваат во согласност со растечка глобална зависност од конекции. Последователно, мрежите ќе доживеат огромни зголемувања во сообраќајот и ќе треба да опслужат сè поголем број на поврзани уреди.
Клучно за архитектурата на мрежниот транспорт е:
Заштитата и безбедноста на крајната точка е клучен процес за обезбедување на индивидуалните пристапни точки до корпоративната мрежа; што значи сите уреди кои имаат пристап до Интернет, како што се лаптопите, таблетите и паметните телефони. Традиционалниот периметар за заштита на крајната точка продолжува да се шири со оглед на тоа што организациите усвојуваат практики за донесување на ваш сопствен уред со што се зголемува бројот на ранливите влезни точки. Традиционалните решенија за крајните точки едноставно не се доволно разновидни за да бидат во чекор со денешните закани.
Нашиот видео надзор е дизајниран да одговори на предизвиците на безбедносниот систем на начин што вградената вештачка интелегенција овозможува брзо пребарување, детектирање, верификување и брзо носење одлуки за преземање на соодветна активност при критички настани.
Нашите решенија обезбедуваат заштита од беспилотни летала што претставуваат закана на безбедноста и приватноста. Нашите најсовремени производи помагаат на вашите безбедносни сили против значителните и растечки закани што технологијата на беспилотните летала ги овозможува.
Кога Вашето работење мора дабиде економично, усогласено и пред се ефективно, потребна Ви е реномирана компанија која е водена од иновации и осигурана од глобална мрежа за поддршка. Нудиме решенија од еден од водечките светски провајдери за безбедносен скрининг , како и најсовремени производи, решенија и услуги кои ги задоволуваат и најкомплексните потреби на нашите клиенти преку подобрување на оперативната ефикасност.,,
Решенија кои нудат безбедни и соодветни системи за контрола на пристап. Oд првите технологии на ,,смарт кард,, па се до моредни решенија како ,,Mobile Access,, oпфаќаме широк спектар на можности за отварање врати и многу повеќе…
Клучни карактеристики