Возило за анализа на перформансите на мобилните мрежи
Уште еден концепт потполно развиен и интегриран во компанијата. Возилото во кое е поставен модуларниот интегриран систем, може симултано да врши анализа на QoS, QoE како и на параметрите на LTE сигналот на повеќе мобилни оператори одеднаш со едно возење.
Мисијата на Агенцијата за електорнски комуникации на Република Северна Македонија (AEK) е да го регулира пазарот на мобилните комуникации во земјата. Оваа улога бара употреба на динамични и модерни мерни и бенчмаркинг системи кои ќе овозможат непристрасен пристап кон верификацијата на мрежните перформанси на секој поединечен оператор. Во таа смисла, AEK се одлучи за интегиран систем за евалуација на мрежите при возење кој ќе овозможи симултано мерење на OTAR интерфејсот како и Quality of Service и Quality of Experience индикаторите за двата оператори активни во земјата (A1 и T-Mobile), за сите мобилни технологии (вклучително 4G кои) во моментот се исползуваат.

НЕТРА испорача потполно интегрирано решение за мобилни тестирања кое врши анализа и оценка на Q-o-S и Q-o-E параметрите користејќи го решението на еден од водечките производители во индустријата Rohde & Schwarz SwissQual. Јадрото на овој систем го сочинува Diversity Benchmarker II, скалабилна платформа за обработка на податоци со која се вршат тестирањата на RAN на операторот, користејќи комерцијални Samsung S21 паметни уреди. SmartBenchmarker е софтверот кој ги третира повиците и врши анализа на квалитетот на говорот, и податочните севиси како трансфер на податоци, e-mail, ping, видео сервиси , итн. Во системот воедно е вклучен и NetQual NQDI клиент/сервер софтверот за пост анализа кој овозоможува автоматска валидација на податоците, детална анализа и локализација на проблемите како и долгорочни известувања кои се однесуваат на говорните/податочните сервиси. 

Како додаток на бенчмаркинг можностите, системот вклучува и повеќенаменски сканер R&S TSMW кој подржува повеќе безжични технологии преку софтверски дефинираниот фронт енд кој покрива фреквентен опсег од 30 MHz до 6 GHz за мерења на перформансите на OTAR интерфејсот, естимација на покривањето и евентуалните интерференции. Овој уред користи 2X2 MIMO антена која го покрива фреквентниот опсег на релевантните мобилни технологии до 4G, како и дополнa GPS антена.

Со системот ракува еден оператор преку 21" работна конзола, а покрај стандардно затемнетите прозори, безбедноста на опремата е зголемена со можност за спуштање на конзолата со смарт уредите на пониско ниво во случај кога не се вршат никакви мерења, со што опремата успешно се сокрива од знатижелните случајни минувачи.

AEK го прикажа возилото на нивната Интернационална Регулаторска Конференција одржана во Охрид во Мај 2019.