Хунгароконтрол прекугранична далечински контролирана локација за комуникација земја-воздух
Потполно решение кое на Хунгароконтрол му овозможува да го контролира воздушниот сообраќај врз Косово од нивната Контрола на Воздушен Сообраќај во Унгарија.
Превземајќи ја од КФОР контролата на воздушниот сообраќај врз Косово, HungaroControl ја задолжи М-НАВ да и асистира при наоѓање и подготовка на втора локација за поставување на систем за VHF комуникации земја-воздух. Оваа локација требаше да обезбеди робусни и сигурни комуникации покривајќи го Flight level 80 па нагоре при тоа избегувајќи интерференции како и подолги каснења на говорот кои можат да се генерираат на долгата интерконекциска патека.

НЕТРА реализираше решение по принципот клуч на рака на локацијата Градиште кое е базирано врз докажаните Rohde & Schwarz 400 series софтверски докажаните радио уреди како и RAD мултиплексна опрема во согласност со стриктникте стабдарди кои важат во Контролата на Воздушниот Сообраќај а кои се однесуваат на каснење на говорот. Сите системи се редундантни и поставени во контејнер со контролирани климатски параметри.

Севкупното очврснување на системот е постигнато со поврзување на говорните односно податочните патеки за миниторинг и контрола кон Говорниот коутатор и Системот за далечинска контрола и управување на HungaroControl и M-NAV, со што се обезбеди системот да нема единствена точка на испад, односно да ги постигне бараните 99.999% достапност.

Декларираните пресметки за покриеност како и индикаторите за перформанси на системоте беа потврдени од HungaroCotrol со успешно изведени тест летови.

Успешниот проект беше прикажан од страна на HungaroControl на World ATM Congress во Мадрид 2017 година.