Интегрирано возило за радиодифузно тестирање

Комплетно "drive-test" решение кое овозможува симултани мерења на DVB-T/T2, DAB(+) и FM, во потполност интегрирано од страна на НЕТРА во теренско возило од средна големина.
Одржувајќи повеќе од 80 радиодифузни локации со законска обврска да го емитува националниот информативен сервис Македноската Радио и Телевизија, јавното претпријатие Националната Радиодифузија мора да обезбеди квалитетен DVB и FM сигнал до сите делови за земјата. Воедно, компанијата е пионер во имплементацијата на DAB радио сервисот. Од овие причини, исплатливо и флексибилно решение за евалуација на сигналите кое истовремено овозможува фиксни и мобилни мерења на DVB-T, DAB и FM, кое е доволно робусно да издржи секаков терен, е од особено значење за компанијата.
Национлната Радиодифузија го избра нашето решение интегрирано на теренско возило од средна големина, способно да овозможи симултано тестирање во движење на сите барани технологии, базирано на опрема која е водечка во индустријата: два ETL TV/DAB Анализатори од Rohde & Schwarz, Audemat FM MC5 FM сигнал анализатор, како и професионални приемници за моноторинг.
Опремен со пренослив 9 метарски столб за брзо поставување на кој се монтира широкопојасна биконична антена која може да се користи во Хоризонтална и Вертикална поларизација, системот може да се користи и за фиксни мерења согласно ITU-R препораките. Во согласност со разновидноста на операциите на Националната радиодифузија, возилото се одликува со автономно напојување за фиксни мерења при брзо запирање. Воедно, возилото е целосно самостојно носејќи ги сите додатоци потребни за работата. Сите мерења се управувани од компјутер, поради што е доволен единствен оператор за реализација на истовремени мерења за сите три технологии.
Земајќи го сето ова во предвид, системот значително ги надгради капацитетите на Националната Радиодифузија да го одржува, верифицира и подобрува покривањето на нивните дифузни мрежи, задржувајќи релативно ниски оперативни трошоци.